Во изминатото деноноќие 27 лица не ја почитувале мерката за забрана за движење, а две лица не ја почитувале мерката за самоизолација.
Според податоците на МВР, полицијата привела 18 лица поради непочитување на забраната за движење, а за останатите се земени податоции ќе следуваат соодветни мерки.
На територија на целата земја во текот на изминатото деноноќие издадени се решенија за изолација на 44 лица, а 27 потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација.