Хроника 08. септември 2018. / 09:34

Осумнаесет мигранти повредени во сообраќајка кај Катланово

Осумнаесет мигранти се повредени во сообраќајната несреќа што се случила вчера на автопатот Велес-Скопје, пред тунелот кај Катланово.

Според информацијата од Службата за Брза помош при ЈЗУ Здравствен дом од Велес, сообраќајката се случила вчера во 13.30 часот.

До несреќата дошло кога возачот на камиончето со церада кое ги превезувал мигрантите изгубил контрола над возилото и излетал од патот.

Возачот на камиончето побегнал од местото на настанот, а избегале и некои од мигрантите