Хроника 29. ноември 2018. / 09:08

Осум лица повредени во вкупно 11 сообраќајки во Скопје

Осум лица повредени во вкупно 11 сообраќајки во Скопје

Осум лица се здобиле со лесни телесни повреди во 11 сообраќајни незгоди што се случиле изминатите 24 часа на подрачјето на Скопје. Во пет сообраќајќи е причинета материјална штета.

Според билтенот на СВР Скопје, 56 возачи возеле со поголема брзина од дозволената, а од сообраќај се исклучени десет возачи кои биле под дејство на алкохол, седум кои возеле пред да се стекнат со правото за управување со возило и двајца возачи почетници. Од сообраќај се исклучени и шест нерегистрирани.

Сообраќајната полиција издала 76 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 76 возила.

Санкционирани се и тројца возачи кои поминале крстосница на црвено светло, еден возач кој не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, еден за неправилно престројување, четворица за неправилно престигнување и шест возачи за непоседување пропишана зимска опрема во возилата.