Хроника 21. јануари 2021. / 21:46

Осуденици барани по потерница приведени и вратени во битолскиот затвор

Осуденици барани по потерница приведени и вратени во битолскиот затвор

Полицијата од Битола и од Одделението за внатрешни работи од Прилеп приведоа две лица барани со потерница за издржување казна затвор до 12 години. Приведени се А.А. (30) и П.С. (36).

Министерството за внатрешни работи попладнево соопшти дека за А.А. била распишана потерница за издржување затворска казна од 12 години, а П.С: за затворска казна од година и шест месеци.

Лицата се спроведени во Казнено-поправна установа Битола за издржување на затворската казна.