Хроника 20. јуни 2019. / 11:13

Осуден екс-скопскиот муфтија на ИВЗ

Осуден екс-скопскиот муфтија на ИВЗ

Основниот Суд Скопје го осуди условно поранешниот скопски муфтија на ИВЗ, Ибраим Шабани.

Судот му одреди 6 месечна затворска казна, која нема да се изврши доколку во следните 2 години не стори ново кривично дело. Тој е прогласен за виновен на 31 мај 2019 година, информира весникот КОХА, пренесе Либертас.

Ианку во јануари 2015 екс муфтијата Шабани, спротивно со Уставот и внатрешните одредби на ИВЗ, од касата на ИВЗ зел 10.108 евра (621.642 денари) со намера да купува службено возило, но парите според ИВЗ ги употребил за негови лични потреби.