Хроника 04. јуни 2018. / 15:25

Оштетено возило во Гостивар поради залутан куршум

Оштетено возило во Гостивар поради залутан куршум

Во периодот помеѓу 16.00 и 22.30 часот, вчера, во двор на улица „Трајко Јовановски“ во Гостивар, од залутан куршум бил оштетен покрив од патничко возило „Опел фронтера“.

Возилото е со гостиварски регистарски ознаки, сопственост на А.А. (23) од Гостивар.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.