Хроника 10. октомври 2018. / 18:34

Оштетена црквата „Св. Атанасиј“ на тетовското Кале

Оштетена црквата „Св. Атанасиј“ на тетовското Кале

Оштетувањето на прозорците било пријавено вчера околу 13 часот од страна на одговорниот на црквата Д.Н.(45) од Тетово.

Засега непознати сторители во точно неутврден период изминатите десеттина дена со камења скршиле и оштетиле седум прозорски стакла на црквата „Свети Атанасиј“ што се наоѓа на тетовското Кале, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според неговите податоци, материјалната штета се проценува на околу 6 илјади денари.

Оштетувањето на прозорците било пријавено вчера околу 13 часот од страна на одговорниот на црквата Д.Н.(45) од Тетово.