Хроника 06. октомври 2020. / 17:00

Оштетен инструмент на УХМР од несовесни граѓани, а дониран од УНДП

Оштетен инструмент на УХМР од несовесни граѓани, а дониран од УНДП

Вработените од Управата за хидро метеролошки работи (УХМР) во тетовската полиција пријавиле оштетување на инструмент-хидролошката станица на реката Вардар во Сараќино, дел проект за рана најава и предупредување од поплави во горниот дел од сливот на реката.

Извесен период во Управата забележувале дека до нивниот систем не стигнуваат податоци од таа станица, по што направиле увид и констатирале дека апартатот не работи поради оштетување. Оттаму апелираат да не се оштетуваат ваквите инструменти кои се од особено значење и важност за рано откривање и предупредување од поплави.

За жал често се случува хидролошките станици да бидат мета на вандали и да бидат оштетувани или уништувани како што е случајот со хидролошката станица во Сараќино. На сликите се гледа дека станицата е оштетена од вандали, со тоа е спречено нејзиното нормално функционирање. Од друга страна многу се важни ваквите видови на апарати за предупредвање од поплави за целото население. Овој инструмент е нaбавен со донација на УНДП. Буџетот на секторот за хидрологија за одржување е лимитиран и не сме во можност ваквите оштетувања самостојно да ги надоместиме, изјави Васко Стојов, раководител на одделние за хидрологија на површински води.

Во рамки на истиот проект поставени се и други станици во тој слив, односно хидролошките станица Балин Дол, Јегуновце, Радиовце, Тетово, Теарце, Лакавица, Неготино, Боговиње и Орќуше, исто така донација од УНДП.

Тетовската полиција соопшти дека по пријавата, оштетувањето е фотодокументирано и се работи на откривање на сторителите.