Хроника 03. февруари 2021. / 08:12

Организаторот на протестот за случајот „Монструм“ заработи казна од 510 евра

Организаторот на протестот за случајот „Монструм“ заработи казна од 510 евра

Блерим Ахмеди, лицето кое се води како организатор на протестот против случајот „Монструм“ во Скопје, објави дека добил прекршочен налог од 510 евра од полицијата по инцидентите што беа предизвикани во центарот на главниот град.

„Цел живот не сум добил ниту денар од оваа држава а сега треба да платам 510 евра“, напиша меѓудругото Ахмеди, кој вчера беше повикан на информативен разговор во полициската станица во Бит Пазар.

Тој објави и фотографија од казната што треба да ја плати.

Последниот коментар од МВР за инцидентите пред јавното обвинителство е дека се работи на препознавање на сторителите кои скршија шоферјшајбни на четири полициски возила, како и стаклото од влезната врата на МНР. Полицијата ги утврдува нивните идентитети преку снимките направени за време на протестот.

Протестот за случајот „Монструм“ следуваше откако обвинителката Фатиме Фетаи побара најстрога казна за обвинетите.