Хроника 29. мај 2018. / 19:50

Општина Гевгелија ќе го плати транспортот за телото на Петков кој почина во Непал

Општина Гевгелија ќе го плати транспортот за телото на Петков кој почина во Непал

Советот на Општина Гевгелија синоќа, на вонредна седница донесе едногласна одлука за одобрување на 600.000 денари наменети за транспорт на починатиот гевгелиски алпинист д-р Георги Петков од Непал до Македонија.

Барањето итни средства за транспорт на телото на д-р Георги Петков до Општина Гевгелија го упатило семејството на починатиот гевгелиски алпинист.

Петков почина на 20 мај при искачување на највисокиот врв на светот Монт Еверест.