Хроника 16. јули 2018. / 17:22

Опожарено возилото на директорот на ЈП „Водовод“ – Битола

Опожарено возилото на директорот на ЈП „Водовод“ – Битола

Опожарено е возилото на директорот на ЈП „Водовод“ – Битола, Горан Козаров, од СДСМ.

МВР во врска со овој случај, претходно соопшти дека утрово во 4.20 часот Г.К. пријавил дека неговото возило „Форд фокус“ било опожарено на улицата Климент Охридски.

Во соопштението на МВР се вели дека делумно се оштетени уште две други возила, „тојота jарис“ и „мерцедес“, со битолски регистарски таблички, кои биле паркирани покрај опожареното возило.