Хроника 23. февруари 2021. / 12:21

Опожарен автомобилот на директорот на Агенцијата за спроведување на законот за јазиците

Опожарен автомобилот на директорот на Агенцијата за спроведување на законот за јазиците

Изгоре службениот автомобил на директорот на Агенцијата за спроведување на законот за јазиците, Илбер Села, дознава Алсат.

Според информациите, настанот се случил рано изутрината помеѓу 03:30 и 04:00 часот во скопско Визбегово. Мотивите сè уште не се познати, а полицијата веќе изврши увид на местото на настанот.