Хроника 13. мај 2020. / 09:58

Оливер Спасовски треба да сведочи за „27 април“

Оливер Спасовски треба да сведочи за „27 април“

Tехничкиот премиер Оливер Спасовски денеска треба да се појави во Основниот кривичен суд во Скопје како сведок во предметот „ 27 април“. Покрај премиерот, за денешното рочиште е планиран уште еден сведок.

На рочиштето на 9 март техничкиот премиер не се појави како сведок бидејќи како  што објасни судијата тој и сведокот Михајло Младеновски немале уредни покани. На минатото рочиште за „организаторите на 27 април“ беа сослушани првите двајца сведоци од листата предлози на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Спасовски на 27 април кога се случија инцидентите беше пратеник во Собранието, а потоа стана министер за внатрешни работи.