Вчера околу 11 часот кај место викано Цветков чукар во селото Нов Истевник, делчевско, избувнал пожар, при што горела нискостеблеста дабова и борова шума.
На местото излегле екипи од Територијалната противпожарна единица Делчево и Шумското стопанство „Голак“-Делчево и во 15.20 часот пожарот бил изгаснат.
Во пожарот биле опожарени околу 60 декари борова и дабова шума. Увид на местото извршила екипа од МВР и инспектори од Дирекцијата за заштита и спасување.