Хроника 18. август 2018. / 11:31

Околу 3 часот утрово, врз куќа во Скопје е фрлен молотов коктел

Околу 3 часот утрово, врз куќа во Скопје е фрлен молотов коктел

Синоќа околу 03:00 часот во Скопје на улица „Зендел Џемаил“ непознато лице фрлило молотов коктел кон куќа сопственост на М.Б.(29), при што е опожарен само комарник од влезната врата.

Од МВР информираат дека од страна на екипа од Противпожарна единица пожарот е изгаснат, а повредени лица нема.

Од страна на полицијата увид ќе се врши во текот на денешниот ден.