Обвинителството и натаму собира докази дали разрешената директорка на Клиниката за кожни болести Нина Цаца – Биљановска ќе биде кривично гонета бидејќи не ги почитувала препораките за самоизолација по враќањето од скијање во Италија.
Од обвинителството и по два месеци прибира докази. Во изјава за А1он не одоговориле зошто постапката тече бавно, ниту пак за кое дело се сомничи.
– Се прибираат докази за предистражна постапка. По обезбедувањето на сите побарани материјални докази, ќе следи јавнообвинителска одлука, велат од обвинителството.
За потсетување, поради непостапувањето на Цаца – Биљановска, петмина вработени на Клиниката за кожни болести кои имале контакт со неа беа позитивни на корона вирусот, а претходно 200 лица кои учествувале на семинар каде била таа беа во изолација.
За разлика од поранешната директорка од кожно, за непочитување на мерката за самоизолација досега беа казнети многумина граѓани кои сега треба да платат казна од по 2000 евра.
Во Кривичниот законик постојат две дела – едното е пренесување заразна болест и другото е непостапување по здравствените прописи за време на епидемија.