Хроника 01. март 2019. / 14:53

ОЈО: Поднесени постапка против две лица жители на Скопје, за тешка кражба

ОЈО: Поднесени постапка против две лица жители на Скопје, за тешка кражба

Основното јавно обвинителство Гостивар почна постапка против две лица, жители на Скопје, за тешка кражба. Тие ограбиле човек на улица во Гостивар, откако му се претставиле како просјаци и му побарале пари.

-Осомничените на 26.02.2019 година на улица во Гостивар пресретнале лице кое кај себе во тој момент имало 1.200 евра и 6.500 денари. Притоа му пристапиле како просјаци и од него побарале пари. Оштетениот извадил пари за да им даде, по што тие на дрзок начин му ги одзеле сите пари што тој ги имал кај себе и побегнале. Подоцна биле откриени и фатени, а парите се вратени на оштетениот- соопшти обвинителството.

Бидејќи постојат околности кои што очигледно укажуваат на опасност од бегство, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Гостивар достави и предлог за определување мерка притвор за двете осомничени лица.