Хроника 22. јули 2020. / 12:35

Охриѓанка го напуштила своето 11-годишно неподвижно дете

Охриѓанка го напуштила своето 11-годишно неподвижно дете

Охриѓанка го напуштила своето 11-годишно неподвижно дете. Таа го оставила детето само во куќата во која живееле.

Според информациите на СВР-Охрид, вчера во полиција телефонски било дојавено дека С.В.(39) од Охрид, во својот дом на улицата „Питу Гули“, без никаква грижа, храна и надзор, го оставила својот 11-годишен син кој бил неподвижен.

Центарот за социјални грижи и Црвениот крст од Охрид преземаат мерки за пронаоѓање на згрижувачко семејство, а на детето му е дадена соодветна помош. Против С.В. ќе биде поднесена соодветна пријава.