Во Полициската станица Охрид, завчера С.Д. од Охрид пријавил кривично дело „уцена“ по член 259 став1 од Кривичниот законик.
Него на полноќ телефонски му се јавил С.И. и му побарал да му даде 5.000 евра или во спротивно ќе објавел недолични работи за неговите ќерки, по што пријавителот му исклучил.
По половина час, пријавителот добил неколку смс пораки со заканувачка содржина и фотографии, по што лицето С.И. повторно го контактирал пријавителот телефонски. За настанот е известен јавен обвинител.