Хроника 18. јуни 2018. / 11:24

Охриѓанец тешко повреден во сообраќајка

Возач на мопед бил тешко повреден вчера во сообраќајка во Охрид.

Како што информира полицијата, вчера во 22.30 часот на крстосницата од улица Марко Нестороски и улица Богомилска во Охрид дошло до судир помеѓу возило „хјундаи“ со охридски таблици, управувано од М.Н. (62) од Охрид и мопед „пежо“ со охридски таблици, управуван од И.В.(29) од Охрид.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот кој бил пренесен и задржан на лекување во Болницата „Св.Еразмо“-Охрид.