Хроника

Охриѓанец следел 16 годишна девојка и се обидел да ја силува

Охриѓанец следел 16 годишна девојка и се обидел да ја силува

Секторот за внатрешни работи Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Н.Т.(33) од Охрид поради обид за силување. Тој, казненото дело го сторил на втори овој месец околу 1,00 часот на улица „Славеј Планина“ во Охрид каде следел 16 годишна девојка и пред нејзиниот влез силно ја повлекол кон себе, но истата започнала да вика при што дошол еден од соседите и пријавениот го напуштил местото на настанот.