Четириесет и еденгодишниот К.Р. од Охрид управувајќи патничко возило, се обидел со возилото со голема брзина да влезе во казино на улицата „Партизанска” во градот.
МВР соопшти дека настанот се случил на 1 септември, 20 минути по полноќ.
Против лицето поднесена е кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,предизвикување општа опасност”.