Хроника 24. август 2018. / 16:44

Охриѓанец ја изнел својата мајка надвор и ја запалил куќата

Охриѓанец ја изнел својата мајка надвор и ја запалил куќата

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против 27-годишен охриѓанец за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност”.

На 31 јули околу 10.30 часот во Охрид, во семејниот дом, пријавениот ја изнел својата мајка надвор од куќата, а потоа влегол внатре, се заклучил и предизвикал пожар во една од просториите.

Откако неговата мајка побарала помош, соседите насилно ја отвориле влезната врата од куќата, по што пријавениот се дал во бегство.