Хроника 02. јуни 2019. / 11:29

Охрид: Си земала директорска плата иако со месеци била разрешена

Охрид: Си земала директорска плата иако со месеци била разрешена

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 67-годишната Е.С. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на службена положба и овластување“.

Во периодот од 23.07.2017 година до ноември 2017 година пријавената, како помошник директор на Јавното претпријатие ,,Охридски комуналец” – Охрид, и покрај тоа што била разрешена од функцијата директор на јавното претпријатие, си доделувала плата како директор.