Хроника 19. март 2019. / 17:17

Ограбени две приватни амбуланти во Скопје

Ограбени две приватни амбуланти во Скопје

Во полициската станица Кисела Вода на 18 март било пријавено дека во текот на претходните три дена непознат сторител извршил тешки кражби во две приватни здравствени установи.

Кражбите биле извршени во Здравствен дом лоциран на скопската улица „Огњан Прица“, каде се наоѓале амбулантите, а биле украдени разни видови ампули, шприцеви и игли за шприцеви, како и други лекови и медицински предмети.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.