Денеска било пријавено дека ноќта на 21/22.07.2018 година од страна на непознат сторител била извршена тешка кражба во црквата “Свети Атанасије“ во с.Радиовце-тетовско.
Имено, сторителот откако скршил прозорец влегол внатре и од шкаф наменет за чување на дарови од верниците одзел 2.000 денари по што го напуштил местото на настанот.
Извршен бил увид и се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.