Хроника 19. август 2018. / 13:03

Ограбен таксист во Моране

Ограбен таксист во Моране

Три непознати лица ограбиле таксист во скопското село Моране, соопшти денеска МВР.

Вчера во пет минути по полноќ во Единицата за информации и команда Скопје 58-годишниот скопјанец М.Г. пријавил дека вчера околу 23.40 часот во селото Морани три непознати лица извршиле разбојништво над него.

Со такси-возило ги превезувал лицата и кога застанал да наплати, едно од лицата со закана со нож му одзело околу 2.500 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.