Синоќа во 21.10 часот во СВР Тетово било пријавено дека во маркет во Тетово две маскирани лица извршиле разбојништво и одзеле околу 32 илјади денари.
„И.С.(32) од Тетово вработен во маркет лоциран на улица ‘Видое Смилевски Бато’ пријавил дека од страна на две непознати маскирани лица, со закана со пиштоли било извршено разбојништво при што ги одзеле парите од дневниот промет, околу 32.146 денари. Од И.С. Тие одзеле мобилен телефон и на три лица од Тетово кои биле во маркетот по извршено пребарување им одзеле два мобилни телефони и 2.200 денари по што го напуштиле местото на настанот”, информира МВР.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.