Во Секторот за внатрешни работи Скопје, нешто по полноќ, З.К.(52) пријавил дека управувајќи такси возило истиот ден околу 00.40 часот на улицата Мирче Ацев во возилото влегле три непознати лица кои побарале да одат до с.Морани.
Кога пристигнале во селото во близина на црквата истите со закана со нож му одзеле 3.000 денари, по што го напуштиле местото на настанот.