Поранешниот градоначалник на Гази Баба Тони Трајковски денеска не се појави на рочиштето за случајот „ТНТ“.
Нему му е одредена самоизолација откако бил во контакт со негова братучетка која била позитивна на ковид-19.
Трајковски ќе биде во изолација до 22 ноември. Поради тоа денешното рочиште се одложи и судијата го закажа за 26 ноември.