Хроника 16. јули 2020. / 15:44

Од Ковид-19 почина кичевскиот Муфтија

Од Ковид-19 почина кичевскиот Муфтија

Шеесет и осумгодишниот муфтија на кичевското муфтиство, Хаџи Мурат Ефенди Хусеини почина од Ковид-19.

Тој целиот свој живот го посвети на исламот и организацијата на религиозниот живот во Кичево и низ целата територија на ИВЗ. Тој беше учител на исламот, мудар, претпазлив, паметен, праведен, дарежлив, близок до луѓето, солидарен во секој момент и ситуација. Тој почина кога сè уште ја имаше религиозната и интелектуалната моќ да придонесува уште во служба на верата, а денеска отиде на другиот свет. Останува на нас да се молиме на семоќниот Аллах да го помилуваме со својата бесконечна милост – истакна секретарот на Муфтиството во Кичево, Ќамил Рушити.

Погребот ќе се изврши денеска со посебен протокол во гробиштата на родното кичевско село Шутово.