Поранешниот епископ рашко-призренски Артемије починал денеска како последица од ковид-19, пишуваат српските медиуми.
Тој починал денеска во 85. година од животот во болница во Ваљево, пишува „Данас“.
Артемије (Марко) Радосављевиќ бил роден 1935 година, се замонашил во 1960 година, а теолошкиот факултет го завршил во Атина, каде што и докторирал.
За епископ бил избрав во 1991 година. Таа должност пред него ја обавувал патријахот Павле.
Бил исклучен од Саборот на СПЦ пред десет години, а пред неколку години и од Црквата, поради материјалното водење на финансиите во црквата.