Шеснаесет лица од Штип, меѓу кои и едно дете, се хоспитализирани на инфективното одделение во штипската клиничка болница, откако се затруле од храна.
Станува збор за лица кои биле на три различни свадби, но во истиот угостителски објект. според лекарите првите пациенти почнале да пристигнуваат минатата недела, по што продолжиле и во текот на наредните денови.
Според направените анализи, кај 13 пациенти е констатирано дека причина за симптомите била салмонела.
Ова не е првпат во источниот регион да има колективно труење од храна. Првиот случај беше во една штипска фабрика, а вториот во рудникот Злетово во Пробиштип.