Хроника 05. август 2020. / 12:33

Обвинение за 22-годишен скопјанец од Ченто кој недозволено поседувал неколку пиштоли и муниција

Обвинение за 22-годишен скопјанец од Ченто кој недозволено поседувал неколку пиштоли и муниција

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице за кривичното дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Како што соопшти Јавното обвинитеслтво, обвинетиот во својот дом на улица „Методија Андонов – Ченто“ во Скопје, неовластено држел оружје и муниција. Се работи за еден пиштол марка „FEG“ со калибар 9 мм „Para“ со рамка со 13 куршуми од тој калибар, еден пиштол „KEL-TEC CNC INC“ со калибар 380 „Auto“ со рамка со 5 куршуми, 17 куршуми со калибар 7.5 ммР, 3 куршуми со калибар 7,62 Х 25 мм, како и 105 куршуми со калибар 9 мм „Para“.

Оружјето и муницијата беа пронајдени и одземени при претрес на домот на осомничениот на 29 јули – се вели во соопштението.

Надлежниот јавен обвинител до Судот доставил и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот 22-годишник бидејќи тој, како што велат од Обвинителството, би можел да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело.​