Извештај на Обединетите нации (ОН) предупредува дека глобалното производство на кокаин и опиум стигнално до рекордно високо ниво, преку ширење на пазарот за овие и други видови дрога. Според извештајот, 275 милиони лица на возраст од 15 до 64 години, користеле нелегална дрога најмалку еднаш минатата година, а речиси половина милион зависници починале.
Извештајот забележува дека производството на опиум скокнало до 10.500 тони од 2016-та до 2017-та година, и оти во 2016-та година повеќе од 1.400 тони кокаин биле произведени во светски рамки.
Во него се вели дека кокаинот генерално доаѓа од Колумбија, а се продава во Северна Америка.
Директорот за операции од Канцеларијата на ОН за дрога и криминал Мива Като, за Гласот на Америка, вели дека зголемување на кризата со опијати станува главна закана за јавното здравје насекаде во светот.
„Три четвртини од смртните случаи во светот се резултат на зависност. Постои загриженост во Северна Америка, каде има најголемо медиумско внимание, но, и во Африка и делови на Азија, каде забележуваме слични проблеми“, изјави Като.
Според извештајот, 275 милиони лица на возраст од 15 до 64 години, користеле нелегална дрога најмалку еднаш минатата година, а речиси половина милион зависници починале.