Струмичко Ново Село вчера се претвори во вистинско боиште, имало страшна престрелка меѓу две спротивставени групи.
Тревогата била вклучена и кај бугарската полиција, којашто ја зголемила борбената готовност на својата погранична единица. Паника од криминалната пресметка има и од двете страни на границата. Локалното население информира дека најверојатно станува збор за криминални групи кои се занимаваат со прекуграничен шверц на цигари.
Како што велат мештаните, престрелката се случувала во близина на поседот, или како што го нарекуваат „ранчот“, на градоначалникот на Ново Село од редовите на СДСМ, кој исто така е забележан како се движи во областа следен од две возила и нему блиски лица, а во насока на местото каде што се одвивала престрелката се упатиле бројни полициски сили и амбулантни возила, како и лично началникот на полицијата.
Граѓаните се преплашени и очекуваат информации од полицијата за престрелката. Како што изјавуваат, сите се затворени во своите домови и стравуваат за својата безбедност.