Хроника 28. јануари 2019. / 11:11

Ново апсење во Гостивар поради поседување на дрога

Ново апсење во Гостивар поради поседување на дрога

Полицијата привела 46-годишен жител на селото Ростуше, откако кај него е пронајдена марихуана. Како што информира МВР, околу 02 часот во Гостивар, лишен од слобода е 46-годишниот А.А. од Ростуше. При преглед, кај него е пронајдена марихуана и е задржан во Полициската станица Гостивар. Против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.