Хроника 21. март 2019. / 16:51

Нови седум смртни случаи од грип за една недела

Нови седум смртни случаи од грип за една недела

Регистрирани се нови седум смртни случаи од компликации од грип во земјава, стои во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје. Починатите се на возраст од 37 до 82 години. Три лица се од Скопје, две од Кичево, и по еден од Ресен и Валандово.

Двајца од починатите претходно немале други заболувања, а петмина имале хронични болести. ИЈЗ не излезе со информација каде биле лекувани заболените и во која здравствена установа умреле.

За неполни два месеци во државата 22 лица починаа од компликации од вирусот.

Годинава во Македонија циркулира така наречениот свински грип, кој лабораториски е потврден и кај најголемиот дел од починатите.