Хроника 30. јануари 2020. / 17:17

Нова измама: И се јавиле дека ќерката згазила девојче, им дала 10.000 евра за да ја спаси од затвор

Нова измама: И се јавиле дека ќерката згазила девојче, им дала 10.000 евра за да ја спаси од затвор

Во 13:30 часот вчера во СВР Скопје, П.Е.(43) од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 10.000 евра. Според пријавеното, на 28.01.2020 во 16.30 часот на домашниот телефон ѝ се јавило женско лице, ѝ се претставило како нејзина ќерка, ја известилa дека направила сообраќајна незгода и ја прашала колку пари имаат дома.

Исто така, според пријавеното, веднаш потоа разговорот го продолжило машко лице, кое и кажало дека нејзината ќерка во сообраќајна несреќа прегазила девојче од Албанија, кое починало, поради што ќерка ѝ требала да оди во затвор од пет до 15 години. После тоа, според пријавата, лицето дошло пред нејзиниот дом, по што П.Е. му дала 10.000 евра. Таа утврдила дека е измамена откако се слушнала со нејзината ќерка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.