Хроника 23. септември 2018. / 11:06

Нов бран мигранти: Oткриени 121 мигрант кај Лојане

Нов бран мигранти: Oткриени 121 мигрант кај Лојане

Полицијата спречи илегален влез во Македонија од Србија на 121 мигрант кај граничната линија на потегот од Миратовачки пат (село Лојане) до автопатот од 18. месецов до денеска.

Од нив 112 биле од Иран, шест од Авганистан, а тројца од Индија.

Активностите се спроведени од полициски службеници од Полициската станица за за граничен надзор „Сопот“.