Хроника 05. октомври 2018. / 21:39

Нормализиран сообраќајот на патот Делчево-Македонска Каменица

Нормализиран сообраќајот на патот Делчево-Македонска Каменица

Сообраќајот на патниот правец А3 Делчево-Македонска Каменица е нормализиран, информираа во 20.29 часот со соопштение од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Прекинот на овој патен правец беше во сила од 18.45 часот поради сообраќајна незгода. Според неофицијални информации, во незгодата биле повредени три лица.

АМСМ препорачува внимателно возење, приспособена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.