Хроника 13. април 2019. / 13:36

Несреќа во Македонија: Изгубил контролра над мотоциклот и излетал од патот

Несреќа во Македонија: Изгубил контролра над мотоциклот и излетал од патот

Маж се здобил со тешки телесни повреди откако доживеал сообраќајна несреќа во Неготино. Како што информира МВР, вчера во 18:30 часот на патот од село Пепелиште кон армискиот полигон „Криволак“, во близина на бензинска пумпа, 61-годишниот Н.С. од село Криволак, управувајќи мотоцикл „Shineray 125“ со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Н.С се здобил со тешки телесни повреди, по што со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Општата болница Кавадарци. Увид на лице место извршила увидна екипа на ПС-Неготино.