Вчера околу 20 часот во полициска станица било пријавено дека во село Којково- кратовско 51-годишниот С.С. починал откако бил прегазен од возило „Застава 750“.
Според пријавата, тој бил на гости кај Б.И. од истото село, тргнал да си оди и влегол во своето патничко моторно возило „Застава 750“, го стартувал, но веднаш излегол од возилото и тргнал кон куќата на Б.И. Во тој момент, возилото се придвижило во правецот на С.С., го удрило, при што тој починал на местото на настанот.
Полицијата изврши увид на лице место.