Непознати лица синоќа пукале во правец на семејна куќа. Нападот околу 21 часот во СВР Скопје го пријавил Ф.А.(25) од Скопје, во чиј дом се пукало.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, при што констатирани се оштетувања на куќата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.