Хроника

Непознат сторител во Скопје пукал во фасада од куќа

Непознат сторител во Скопје пукал во фасада од куќа

Bо Единицата за информации и команда Скопје, вчера во 13:12 часот 40-годишниот З.Џ. од Скопје пријавил дека истиот ден околу 02:20 часот непознато лице пукало кон неговата куќа на улица „Мара Маждуречка“, при што била оштетена фасадата.

Извршен е увид на местото и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на настанот.