Хроника 05. ноември 2018. / 18:59

Нема кривични пријави за Балистите кои вчера демолираа и скандираа националистички навреди

Нема кривични пријави за Балистите кои вчера демолираа и скандираа националистички навреди

Нема кривични пријави за навивачите на Шкендија кои вчера демолираа и скандираа националистички навреди во центарот на Тетово. Балистите движејќи се кон фудбалскиот стадион на натрпевар, скандирале навредливи пораки за македонците, а по пат фрлале шишиња и камења кон гости во едно локално кафуле кое важи за македонско во градот.

Иако законот забранува ширење на говор на омраза, до сега ниту Обвинителството нема отворено предмет за овој случај на ширење националистички навреди, ниту пак се приведени лица за предизвикување етничка нетрпеливост и загрозување на јавната безбедност.

Oд МВР велат дека СВР Тетово остварило средба со тамошното Јавното обвинителство за случаите од 3ти и 4 ноември а на состанокот биле координирани активностите за конкретно квалификување на настаните, динамиката и следните чекори, со цел да се изготват соодветни пријави до лицата кои ги предизвикале инцидентите.