Келнерка од познат елитен ресторан, кој се наоѓа во близина на несреќата, неофицијално е меѓу повредените патници во сообраќајката што се случи ноќва на крстосницата меѓу улиците „Франклин Рузвелт“ и „Теодосиј Гологанов“ во центарот на Скопје.
До несреќата дошло кога автомобил „пасат” со скопски регистарски ознаки удрил во две други возила. Од силината на ударот, се одбил и попатно соборил столбови на улицата.
Сведок на несреќата за „Канал 5“ вели дека црниот „пасат“ ја поминал крстосницата на црвено светло и директно удрил во другото возило. Неофицијално, телевизијата дознавадека две лица се тешко повредени.
Полицијата изврши увид и утрово се очекуваат повеќе детали од СВР Скопје.