Хроника 12. септември 2018. / 13:26

Неколку лица повикани во ОЈО да дадат исказ за злоупотребите на системот за делегирање судии АКМИС

Неколку лица повикани во ОЈО да дадат исказ за злоупотребите на системот за делегирање судии АКМИС

Неколку лица се повикани во Основното јавно обвинителство за да дадат исказ за злоупотребите на АКМИС-от. Според непотврдени информации во обвинителството за да дадат појаснување околу тоа како се распределувале предметите во својство на сведоци биле повикани екс преседателот на Основниот Суд Скопје 1, Владимир Панчевски, преседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски како и судијката Бајлозова.

Од Обвинителството велат дека се испратени и покани до неколку лица за да дадат исказ пред јавен обвинител.

– Основното јавно обвинителство Скопје во континуитет презема дејствија за расчистување на предметот и утврдување на факти. Во насока на проверка на наводите од извештајот, побарани се податоци од Судски совет и Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, велат од ЈОРМ.

Оттаму посочуваат дека во текот на минатата недела, двајцата надлежни јавни обвинители кои постапуваат во предметот заедно со стручни соработници вршеле непосреден увид во кривичните предмети во Основниот суд Скопје 1 Скопје, како и во системот за нивно заведување заради утврдување евентуални неправилности.