Хроника 30. август 2018. / 16:31

Неколку инциденти кај „Веро Џамбо“ повредени малолетници, приведени девет лица

Неколку инциденти кај „Веро Џамбо“ повредени малолетници, приведени девет лица

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 18.45 до 19.30 часот, во Единицата за известување и команда при СВР Скопје, од страна на граѓани пријавени се три кривични дела на насилство во кои со повреди се здобиле вкупно пет лица.

Детали за првиот случај тука.

Второто кривично дело се случило околу 19.10 часот на автобуската постојка пред Народна банка на Македонија, каде 17-годишно лице од с. Бразда било нападнато од страна на група младинци на возраст од 16-18 години.

Потоа истата група, физички нападнала уште шест други малолетници кои биле на автобуската постојка на возраст од 16 и 17 години при што едно 16-годишно лице од здобиените повреди во безсознание и со возило на Итна медицинска помош е однесен во клинички центар „Мајка Тереза“–Ургентна клиника, каде му се констатирани телесни повреди и истиот е задржан на Неврохирургија за понатамошно лекување.

Исто така, по настанот и уште едно 16-годишно лице е примено во клиничкиот центар „Мајка Тереза“–Ургентна клиника, каде му се констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска помош, заедно со неговите родители настанот го пријавиле во Полициската станица од општа надлежност „Центар“.

Третото кривично дело се случило околу 19.20 часот во автобус на ЈСП бр. 58, кој се движел во насока кон Транспортниот центар.

Според дадената изјава пред полициски службеници од возачот на автобусот, на автобуската постојка пред ТЦ „Веро Џамбо“, во автобусот влегла поголема група на младинци на возраст од 16-18 години и откако автобусот почнал да се движи, лицата физички нападнале 17-годишен малолетник од автобусот и искршиле едно стакло. Откако автобусот застанал на постојката на Транспортен центар, сторителите излегле и се разбегале во различни правци.  По настанот оштетениот е примен во клиничкиот центар „Мајка Тереза“–Ургентна клиника, каде му се констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска помош, заедно со неговите родители настанот го пријавиле во Полициската станица од општа надлежност „Центар“.