Хроника 16. март 2020. / 15:21

Неготинец му земал 25 илјади евра на светиниколец за работна виза во Германија

Неготинец му земал 25 илјади евра на светиниколец за работна виза во Германија

Надворешната канцеларија за Криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Д.К.(33) од Неготино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Пријавениот велат од МВР во период од две години, лажно прикажувајќи факти преку интернет страна, објавил оглас за посредување при работа во Германија. Со тоа го довел во заблуда Д.Е.(47) од Свети Николе, од кого барал за услугата да му уплаќа одреден износ на пари наменети за трошоци при посредувањето.

Од страна на оштетениот во повеќе наврати на трансакциската сметка на Д.К. во две банки бил уплатен вкупен износ од 1.564.870 денари.